More

    Ангелов: Работиме на утврдување дали постои опасност во воздухот во Тетово

    spot_img

    Работиме на утврдување дали постои опасност во воздухот во Тетово, односно дали има отровни гасови по големиот пожар што денеска избувна во магацинскиот простор на поранешната фабрика „Македонија Табак“, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција.

    Тој рече дека во моментов се прават анализите за присуството на отровните гасови во воздухот, иако, како што истакна, сегашните првични информации потврдуваат дека состојбата не е алармантна.

    – Правиме детекција за тоа дали постои опасност во воздухот, односно дали има отровни гасови како резултат на пожарот во магацинскиот простор. Засега, состојбата не е алармантна, но забележителен е зголемен број на ПМ честички во воздухот. Се обидуваме да го ставиме пожарот под контрола – изјави Ангелов.

    Тој најави дека во секој момент се очекува хеликоптер на Министерството за внатрешни работи (МВР) да пристигне на местото на настанот.

    – Ги замолувам новинарите да се одалечат од местото на пожарот, бидејќи постои опасност од садовите со запалливи гасови. Секој момент очекуваме да пристигне хеликоптер на МВР. Проблемот е во тоа што гаснењето со вода директно од воздух може да предизвика распламтување на огнот. Од тие причини побаравме пожарот да биде пресечен и да не се пренесе во задниот дел – рече Ангелов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img