Новиот филм на Том Круз „Top Gun: Maverick“ заработи 134 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето во рекордни 4.732 кина во Северна Америка, а упатените веруваат дека акционата авантура на Paramount и Skydance може да заработи 151 милион долари до понеделник, иако очекувањата беа висока поскромна.
Variety пишува дека ова е резултат на одличните критики, големата носталгија и враќањето на Круз во пилотската кабина на авионот со кој изведува бројни акробации како пилотот Пит „Маверик“ Мичел.
„Top Gun: Maverick“ е дебито со најголема заработка во кариерата на Круз и негов прв филм, кој веќе во првиот викенд од прикажувањето ја надмина заработката од 100 милиони долари.
Имено, продуцентите ја таргетираа публиката постара од 40 години, демографска група која најмногу се двоуми кога е во прашање враќањето во кината.
Позитивните усни приказни за филмот треба да придонесат филмот на Круз да допре до помладата публика, оние кои не се ни родени кога „Топ Ган“ првпат беше прикажан пред 36 години.
Дејвид А. Грос, кој ја води филмската консултантска фирма Franchise Entertainment Research, рече дека податоците за интересот на публиката и заработката досега се „извонредни“.
„Оригиналниот материјал е особено интересен, актерската изведба е одлична, а Том Круз придонесе се да оди совршено“, рече тој.
И покрај безбројните одложувања на премиерата на продолжението на филмот, кој требаше да се појави во кината за прв пат во летото 2020 година на почетокот на пандемијата на коронавирус, успехот не изостана.
На „Top Gun: Maverick“ му треба кино публика за да го оправда големиот продукциски буџет од 170 милиони долари, во кој не се вклучени десетици милиони долари потрошени за промоција на филмот ширум светот.
Дел од средствата отидоа за премиерата одржана на Канскиот филмски фестивал. Филмот беше копродуцент и кофинансиран од Skydance Media.