Тивкиот срцев удар е секојдневие и со право треба да се плашиме од него. Недостатокот на вежбање, лошата исхрана и генерално нездравиот начин на живот може да го зголемат ризикот од срцев удар. Но, како да се спречи тоа и дали е воопшто возможно и како навреме да се препознаат знаците за предупредување и да се спасат животи?
Кардиологот од болницата Колумбија, Азија Анил Бансал, предупредува дека сите ние треба однапред да ги препознаеме знаците на срцев удар што понекогаш ни ги дава телото. Некои од можните предупредувачки знаци често се занемаруваат.
Кога чувствувате тежина во градите, неподнослива болка во горниот дел на стомакот, болка во левата рака, грбот, вилицата и вратот или имате отежнато дишење, време е да одите на лекар и да побарате ЕКГ. Ако реагирате на време, можеби само што сте си го спасиле животот.
Знаците за можен срцев удар вклучуваат гадење, ладна пот и вртоглавица. Кај мажите најчестиот предупредувачки знак за срцев удар е болката во градите, додека кај жените е поголема веројатноста да имаат симптоми на отежнато дишење, гадење и болна вилица, тврди Бансал, пренесува Вечерњи лист.