Генералниот директор на руската вселенска агенција Роскосмос, Дмитриј Рогозин, им предложи на земјите од Европската унија да ја купат и да ја испијат целата руска вотка, за Русија повеќе да не може да заработува од неа на другите пазари, пренесува Нова.
Рогозин ја коментираше изјавата на шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која рече дека ЕУ мора да купува нафта од Русија, бидејќи во спротивно Москва ќе ја пренасочи на други пазари, а рускиот претседател Владимир Путин „ќе заработи уште повеќе пари“.
„Следниот чекор на оваа мудра бриселска утка ќе биде предлог да се испие целата руска вотка, за рускиот претседател Владимир Путин да не може да заработи уште повеќе од тоа“, напиша Рогозин на социјалните мрежи.