Во Косово во изминатите 24 часа не е забележан ниту еден нов случај на заболен од Ковид-19, што е прв таков ден речиси од самиот почеток на пандемијата пред повеќе од две години, јави дописникот на МИА од Приштина.
Министерството за здравство во својот редовен деневен извештај информира дека вчера се извршени 469 тестирања со методот РТ-ПЦР, како и дека во истиот период не е забележан ниту еден смртен случај како последица на заразата.
Откако вчера се регистрирани и 28 лица кои ја совладале болеста, официјалната бројка на активни носители на вирусот сега, исто така, по подолго време, е двоцифрена и изнесува 75.