Русија мора да биде поразена во Украина или судирот во таа земја ќе предизвика светска војна, изјави денеска Михаил Подољак, украинскиот преговарач и советник на претседателот Володомир Зеленски.
Во интервјуто за украинската телевизија, тој предупреди од зголемувањето на рускиот реваншизам и шовинизам, што ќе се случи доколку Украинците не ја поразат руската војска.
– Тоа ќе доведе до Трета светска војна и за тоа се свесни западните земји и затоа ни праќаат повеќе оружје – додаде Подољак.