Германскиот фармацевтски и хемиски гигант „Баер“ објави дека ќе го затвори својот историски објект во Франкфурт до крајот на 2028 година, директно ќе влијае на 500 работни места.

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Германскиот фармацевтски и хемиски гигант „Баер“ објави дека ќе го затвори својот историски објект во Франкфурт до крајот на 2028 година. Ова директно ќе влијае на 500 работни места.

Во соопштението за потегот се наведува дека причина е конкуренцијата од Азија и строгите мерки за штедење воведени поради ова.

Новата стратегија на „Баер“ предвидува наместо генерички производи за заштита на растенијата, компанијата да инвестира во иновативни технологии и високотехнолошки производи. Така истражувањето и развојот ќе бидат целосно префрлени во Монхајм ам Рајн во Северозападна Рајна, додека производството во Дормаген (во близина на Леверкузен) ќе биде намалено – 200 од вкупно 1.200 работни места.

„Баер“ бара купувачи за делови од производството, додека некои функции ќе бидат префрлени на локации во Дормаген и Кнапсак (во близина на Келн).

Хемискиот синдикат IG BCE и работничкиот совет изразуваат големо незадоволство.

– Овие планови претставуваат историска пресвртница во 162-годишната историја на групата и се спротивни на јавните изјави на Баер за посветеност кон Германија – изјави Франческо Гриоли, член на извршниот одбор на IG BCE.

За претставниците на работниците, затворањето фабрика во Германија е табу тема

– Ова би бил прв пат Баер да затвори германска фабрика. Затоа тие бараат да се обезбеди алтернатива – велат синдикатите.

Баер го наведува високиот ценовен притисок од азиските производители, кои го преплавуваат пазарот со евтини генерички производи, како главна причина за откажување на производството.

- Advertisement -
Ad image

„Нивните цени се делумно пониски од нашите трошоци за производство во Европа“, наведува менаџментот на концернот.

Покрај тоа, строгите законски прописи во ЕУ ставаат дополнителен товар врз работењето на бизнисот.

Share This Article