Background

ЕСМ го отвора рудникот за јаглен Живојно

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска во Новаци одржа јавна расправа по студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот „Експлоатација на јаглен од наоѓалиштето Живојно со површинска технологија“.

Активирањето на наоѓалиштето Живојно, кое според истражувањата има околу 24 милиони тони јаглен, ќе овозможи АД ЕСМ целосно да ги покрие потребите од овој енергенс од сопствено производство.

-Динамиката за експлоатација ќе се одвива во период од 7 години, односно првите три години се подготвителни работи за целосна експлоатација на јаловинските маси, а потоа четири години користење на откриениот јаглен. Период од 7 години за експлоатација  се совпаѓа со моментот на напуштањето на производство на електрична енергија од т.н. нееколошки извори. Квалитетот на јагленот е поволен и подобар наспроти увозниот јаглен што во моментов се користи во РЕК Битола. На седмата година наоѓалиштето целосно ќе биде исцрпено и според студијата, по завршување на експлоатацијата на цел јаглен, земјиштето ќе биде вратено во првобитна состојба, а делот што нема да може да се врати во сегашна состојба ќе биде оплеменет со мерки во функција на заштита на животната средина – истакна Тони Ангелески, помошник директор во секторот за развој, инвестиции и проектирање во РЕК Битола.

- Advertisement -
Ad image

Од АД ЕСМ информираа дека за активирање на наоѓалиштето ќе се спроведе и процес на експропријација на дел од земјиштето, а со експлоатација на јагленот ќе запре набавката на увозен јаглен и потребите за РЕК Битола ќе бидат задоволени исклучиво со домашен јаглен од современ рудник.

Отворањето на рудникот Живојно ќе биде клучен фактор за дополнително намалување на производствената цена на струјата во РЕК Битола, а обезбедувањето јаглен од локални извори воедно претставува стратешки чекор за непречено производство на електрична енергија до целосен премин кон зелено сценарио, беше истакнато на денешната јавна расправа во Новаци.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation