Попладнево се случи експлозија во зградата во која се наоѓа Автобуската станица во Сараево, која предизвика пожар, при што е повредено едно лице.
Локалните медиуми објавија дека едно лице побарало лекарска помош и веднаш било пренесено на Клиниката за итна медицина на КЦУС. Во моментов се утврдува степенот на повредите, по што ќе се знае здравствената состојба на повредениот.
Наводно повредениот е работник во угостителски објект, каде избил пожарот.
Пожарот најверојатно е предизвикан од експлозија на плинска боца, но по целосно гасење на огнот ќе следува полициска истрага која ќе ја утврди точната причина.
Според фотографиите и снимките од местото на настанот, во пожарот е уништен цел ред објекти кои се наоѓале во склоп на Автобуската станица, кадешто се наоѓаат продавница, обложувалница и ресторан за брза храна.