Словачкиот премиер Едуард Хегер испрати предупредување за иднината на неговата земја, во случај Русија да ја победи Украина.
– Ако падне Украина, следна на ред ќе биде Словачка – изјави премиерот.
Хегер ова го изјави за време на излагањето на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.
Претходно, преку видео бим во Давос се обрати и украинскиот претседател Володомир Зеленски, кој потврди дека ситуацијата на украинската војска во Донбас е неиздржлива, барајќи оружје и друг вид на поддршка од сојузниците.