Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, изјави дека е неопходно да се донесе Закон за Уставниот суд, што, според него, ќе придонесе за зголемена транспарентност и поголема доверба кај граѓаните

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, изјави дека е неопходно да се донесе Закон за Уставниот суд, што, според него, ќе придонесе за зголемена транспарентност и поголема доверба кај граѓаните.

Тој ја коментираше претстојната подготвителна седница за Законот за употреба на јазиците, која ќе се одржи на 19 јуни, нагласувајќи дека општеството не треба да стравува од одлуките на Судот и оти не станува збор за напад врз ничии права.

Во однос на потребата од закон за Уставен суд, Костадиновски во гостувањето на емисија „Трилинг“ изјави дека прво треба да се смени Уставот, за, како што рече, да се постави основ за двотретински закон, или законодавецот да донесе уставен закон, исто така, со двотретинско мнозинство.

– Бенефити од Закон за Уставен суд се повеќе. Прво, може да се објективизира и конкретизира терминот истакнат правник, со тоа ќе знаеме кој сѐ може да биде уставен судија, потоа начинот на избор на уставни судии. Јас сум еден од оние кој се залага седниците на Уставен да се пренесуваат во живо, нема друга можност освен сите граѓани да видат кои им се уставни судии – рече Костадиновски.

Претседателот на Уставен најави дека подготвителната седница за законот за јазици ќе се одржи на 19 јуни.

– На 19 јуни ќе ја организираме подготвителната седница, по неа ќе ни требаат до два месеци да се подготви нов реферат и да се сублимираат сите мислења на сите ученици. Моја проценка е дека конечната улога ќе биде донесена после изборите – рече тој.

Според него, непотребно се создаде, како што рече „толку голема фама со давање на етнички и политички димензии на постапувањето на судот“.

– Мое длабоко уверување е дека ние во овој стадиум на нашето општество немаме проблем во меѓуетничките односи, имаме проблем со злоупотреба на меѓуетничките односи во политички цели. Никој не треба да стравува од нашето постапување. Ниту едно право што секој еден граѓанин го ужива од нашиот Устав, нема да биде ускратено. Нашите правни стојалишта за кој било закон ќе го натераат законодавецот да направат подобар закон – потенцираше тој.

Костадиновски предупреди дека недонесувањето на измените на Законот за електронски комуникации може да доведе до крах на безбедносниот систем.

- Advertisement -
Ad image

– Станува збор за тема која допира до прашање на национална безбедност. И тие мета податоци се важни за нашите безбедносни служби – изјави тој.

Костадиновски вели дека е во комуникација со спикерот на Парламентот, Гаши, и дека му е најавен одговор за фазата во која се наоѓа законот.

– Доколку Собранието не постапи во согласност со нашите правни стојалишта, ние немаме избор, ќе мора да интервенираме, но последиците ако настанат, ние не сносиме одговорност – додаде тој.

- Advertisement -
Ad image

Во однос на Изборниот законик, Костадиновски изјави дека конечната одлука се очекува на седницата на 14 мај.

За хашките случаи, тој рече дека предметот сѐ уште не е предаден кај него како судија и дека се појавуваат дилеми во поглед на пристапот до класифицирани податоци.

На прашањето дали му тежи ореолот дека бил политички активен, Костадиновски одговори „политичка одлука е да ве номинираат, изборот е политичка одлука. Јас служев за тројца претседатели и воопшто не ми тежи ореолот, јас сум поставувал професионално. Не сум бил член на политичка партија. Сум давај стручни и експертски мислења“.

Share This Article