Џафери бил лут на службите што го згрешиле материјалот за седницата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Собранието Талат Џафери не смета дека треба некому да се извини и тврди дека собраниските служби не си ја работеле одговорно својата работа, поради што се налутил.

– Ако некој смета дека треба работното време да го мине на улица Македонија, сметам дека тоа не му треба на Собранието, ниту на граѓаните. Тие треба да се на своите работни места осум часа. Не чувствувам потреба дека треба да се извинам за случајот – изјави Џафери денеска на брифинг со новинарите.

Џафери вели дека службите направиле грешка со материјалот за 71. седница и ако тој не забележал, тоа ќе значело враќање на седницата од почеток.

– Пцовките не беа кон вработените туку кон нивниот однос кон работата што ја имаат, а не како што сугерира опозицијата – додаде тој.

Тој на денешниот брифинг дојде со секретарот на Собранието, Цветанка Иванова, но и покрај прашањата од новинарите и таа да даде објаснување за случајот, Џафери не ѝ даде збор, бидејќи, како што рече, тој го свикал брифингот.

Џафери денеска ја промовираше и новата комуникациска опрема за салата „Македонија“.

Share This Article