Џафери пречекан со транспарент во Собрание

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поминаа повеќе од десет дена, а претседателот на Собранието Талат Џафери, не само што не се извини за неговото безобразно однесување спрема вработените во собраниската служба туку се однесува како ништо да не се случило, изјави денеска Дафина Стојановска, пратеничка на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ откако групата се појави во Собранието со транспарент на кој пишува „Бегај бе таму, хеј сус“.

– Крајно е недозволиво токму од човекот кој што прв го потпишал етичкиот кодекс за однесување во Собранието, најгрубо да го крши и да бега од одговорност и заедно со пратениците од власта да пробуваат на секаков можен начин да го скријат под тепих овој скандал. Џафери најмалку што можеше да направи е да се извини за ваквото однесување и да си поднесе оставка од функцијата претседател на Собранието. Сакаме да му порачаме на Џафери дека колку и да бега од одговорност и да пробува да се заборави овој скандал дека дамката што ја остави зад себе секогаш ќе го прати, а ние секогаш ќе бидеме тука да го потсетуваме дека со неговото однесување и работа е еден од најлошите и најнеспособните претседатели што ги имало Собранието – рече Стојановска.

Таа го повика Панчо Минов да не одолговлекува и да закаже седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на која што ќе се расправа за санкции по повод прекршувањето на етичкиот кодекс од Талат Џафери.

– Доколку Џафери не понесе одговорност за ваквото однесување ќе даде до знаење до сите пратеници дека етичкиот кодекс на кој што сите заедно работевме, повеќе не важи во законодавниот дом – додаде Стојановска.

Џафери за денеска во 10 часот имаше закажано редовен брифинг со новинарите.

Share This Article