More

    Ковачески: Италија ни е важен сојузник, нашите производи се извезуваат таму

    spot_img

    Италија е земја членка на ЕУ која е наш сојузник во напорите за пристапување на Северна Македонија, и постои согласност дека истото треба да се случи без дополнително одлагање. Италијанската силна, гласна и доследна поддршка за процесот на интеграција на нашата држава во ЕУ е од особено значење, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по средбата со италијанскиот премиер Марио Драги во Рим.

    Како што потенцираше македонскиот премиер, тие имаат заедничка согласност со премиерот Драги дека остварените резултати на нашата земја на патот на евроинтеграциите треба да имаат соодветна за завршница со итно отворање на пристапните преговори.

    Италија, било речено на средбата, е меѓу 10-те топ рангирани земји со кои Северна Македонија има најголем обем на билатерална трговија и дека од посебна важност за унапредување на економските односи е Коридорот 8 со кој преку пристаништата на Албанија ќе се овозможи директен пристап до италијанскиот пазар.

    Италија, како што рече премиерот, е наш важен трговски партнер со вкупен билатерален трговски обем од 738 милиони долари, а италијанскиот пазар е препознат како еден од најважните пазари на кои се извезуваат македонските производи.

    – Нашата соработка е значителна и во културата, образованието и науката, како и во земјоделството и истата очекуваме да се прошири и продлабочи. Нашата дијаспора е активна е е важен чинител во италијанското општество и е мост за унапредување на нашата соработка. Воедно, за нас и истата изразувам благодарност – додаде Ковачевски.

    Со премиерот Драги, како што посочи Ковачевски, изразиле задоволство за единство кое го покажаа НАТО сојузниците како и ЕУ во контекст на актуелната состојба со руската агресија врз Украина.

    Тој потенцираше дека од особено значање за нас е и италијанската поддршка која секоја година ја добиваме за организацијата и за члестви на манифестациите во члест на Светите Кирил и Методиј во Рим, како и за претставувањата на уметниците од нашата земја на биеналето во Венеција.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img