Почитувани претставници на медиумите,-Без демократски партии, не може да имаме демократска држава.
Изминатиов период, во НСДП се води битка за иднината на партијата. Дали ќе биде демократска, прогресивна сила на македонската политичка сцена или ќе биде преземена од недемократски структури, навикнати да работат само за своите, лични интереси.
На овие структури не им одговараат промени. Ним им пречи гласна и самостојна НСДП, која ќе го продолжи патот со своите коалициски партнери, но ќе биде коректор, наместо апологет на поголемите политички партии. Ним им треба партија која ќе им служи само како гарант за фотељите во кои се толку долго, што веќе ги сметаат за нивно лично право.
Нивото на демократскиот развој на секое општество зависи од нивото на внатрешната демократија на партиите.
Членството и делегатите на НСДП ќе ги издржат и овие притисоци и закани. Имаме победено многу посилни и помоќни режими и противници. Ќе победи демократијата и сега!
Затоа, на 4-ти јуни Конгресот на НСДП ќе гласа слободно и демократски. Конгресот ќе гласа за најдобриот кандидат, со најдобрите идеи и програма, за каднидатот кој храбро ќе ја профилира НСДП во партија на 21-от век, способна да се носи рамо до рамо со најголемите политички сили во Република Северна Македонија.
Демократијата ќе победи!
Со почит,
Кристијан Трајковски,
Организациски Секретар на НСДП