Новиот тренер на фудбалерите на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, изјави денеска за клупската телевизија дека состојбата на „Олд Трафорд“ „не е толку добра“, но изрази уверување дека може да постигне успех.
Тен Хаг вчера од трибините го гледаше поразот на неговиот нов клуб од Кристал Палас (0-1) во последното премиерлигашко коло, со што Јунјатед ја заврши сезоната на шестото место.
– Актуелната состојба не е добра и мораме да ја прифатиме, но, исто така, мораме да бидеме свесни дека овој тим пред една година беше второпласиран во Премиер лигата, изјави Тен Хаг.
– Потенцијалот постои и сега нашата задача е тоа да го извлечеме од играчите. Тоа е процес и ќе биде потребно време, но уверен сум дека ќе можеме да дојдеме до точката кога ќе оствариме успех, порача холандскиот стратег на клупата на Јунајтед.