More

    Од први јуни ќе растат цените, владата нема нови мерки

    spot_img

    Нема продолжување на владините мерки замрзнување на маржата и ослободување од ДДВ-то на основните прехранбени производи, дознава Сител.

    Од наредната недела, кога завршува важноста на мерките, се очекува и нивно поскапување. За да се ублажи шокот од драстистчното зголемување на цените кај лебот, брашното и маслото за јадење, Владата целосно го укина ДДВ од 5%, а на трговците им ја ограничи маржата на 5, односно на 10%.

    Сега, извори за Сител, велат дека пари ќе се чуваат за евентуални мерки од септември, за кога се очекува зголемување на цената на струјата и евентулано обезбедување енергенси и основни прехранбени суровини. Владата, со ребалансот на буџетот, за нов пакет помош за граѓаните и стопанството издвои 76 милиони евра.

    Експертите неколку пати алармираа – вештачко држење на замрзнати цени, не е добра мерка, затоа што суровните поскапуваат на светскиот пазар, па после одмзранувањето на цените ќе дојде до драстично поскапувањее на производите и кај нас. Владата сетот мерки го донесе од март до крајот на мај. Но, цените продолжија да растат и покрај ограничувањата.

    Според статистиката, во април прозиводите на мало поскапеле за над 11%, а инфлацијата достигна 10,5%.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img