More

    Брисел: Мора да имаме улога во реконструкцијата на Украина

    spot_img

    Министрите за европски прашања на ЕУ денеска разговарале за сите начини на кои можат да и помогнат на Украина и како ЕУ да одигра улога по војната, јави дописничката на МИА од Брисел.

    Денешниот Совет за општи работи на ЕУ вонредно го водеше чешкиот министер за европски прашања, Микулаш Бек, поради реизборот на владата во Франција.

    Министрите во Брисел се согласиле дека ќе продолжи ЕУ да ја поддржува Украина финансиски, а дискусиите на оваа тема ќе продолжат идниот понеделник и вторник на вонредниот лидерски самит на ЕУ.

    Свесни сме дека мораме да одиграме улога во реконструкцијата на Украина, и да продолжиме да праќаме помош, изјави Бек.

    Потпретседателот на Европската Комисија, Марош Шефчович рече дека мора брзо да се донесат одлуки за натамошна макрофинансиска помош за Украина. Се очекува лидерите на ЕУ идната недела да и дадат зелено светло на Европската Комисија да позајми пари на светските пазари.

    Во однос на реконструкцијата на Украина, Шефчович изрази надеж дека лидерите идната недела исто така ќе даде позитивен сигнал за платформата за реконструкција што ја планира Европската Комисија и која треба да работи рака под рака со другите меѓународни партнери за долгорочна повоена помош за Украина.

    Челниците на ЕУ потсетија дека поради воената помош за Украина што ја даваат земјите на ЕУ, тие се соочуваат со намалени залихи на оружје. Европската Комисија презентираше предлог преку кој треба да се подобрат одбранбените трошоци “на најдобар можен начин“. Преку платформата што ја предлага Комисијата, земјите членки ќе можат да ги обноват своите залихи на оружје и да ја модернизираат одбранбената технологија без притоа да влегуваат во конкуренција едни со други.

    Министрите исто така разговарале за иднината на енергетските извори и осамостојувањето од руската енергија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img