Манчестер сити е новиот шампион на Англија. Тимот ја совлада Астон Вила со 3-2, но во моментот кога навивачите тргнаа да прослават, тие направија тежок инцидент. Го нападнале голманот на Астон Вила, Робин Олсен и го удриле во главата.
Наскоро стигна извинувањето од Сити.
„Манчестер сити сака да му се извини на Олсен, кој бил нападнат за време на прославата. Клубот веднаш почна истрага и ќе ги пронајде лицата, по што ќе им забрани влез на стадионот“, соопштија од клубот.