More

    Јоаким Крчовски и официјално стана светител – На 23 мај ќе го славиме учителот кој ја напиша првата книга на македонски јазик

    spot_img

    На иницијатива на Кумановско-Осоговската епархија утринава во манастирскиот комплекс „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка беше извршена канонизација на игуменот Јоаким Крчовски за светител. Со канонизацијата, Свети праведен Јоаким Крчовски, учител и просветител ќе се вброи во диптихот на светите.

    Oтсега чесните останки на преподобниот игумен Јоаким Крчовски ќе се сметаат како свети мошти и ќе им се оддава достојно почитување.

    – Во православната црква светителите ги почитувуваме како Христови пријатели, како Божји чеда и наследници. Нивниот праведен живот овозможува тие да бидат наши застапници пред Бога, да се молат за нас и да посредуваат пред Бога за нас. Спрегата што ја постигнал и самиот игумен, Јоаким Крчовски, се опишува преку мислата дека знаењето без подвиг е филозофирање, а подвигот без знаење е идолопоклонство. Јоаким Крчовски и живеел, и проповедал, и учителствувал, и провестувал, и богослужел и бил богоугоден подвижник на самиот премин меѓу 18. и 19. век, а споменот и славата на неговиот свет живот општонародно се почитува и денес – рече митрополитот Кумановско-Осоговски Григориј во обраќањето во пресрет на канонизацијата.

    Тој додаде:

    – Меѓу другото, Крчовски е автор на првата книга отпечатена на народен македонски јазик во 1814 година. Книгите на Јоаким Крчовски се пишувани на разбирлив јазик за секој христијанин и затоа имале верна улога во верското и во моралното просветување.

    Како датум за прославување на ликот и делото на Крчовски, Синодот го предлага 23 мај.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img