Мицкоски: Активната блокада на парламентот ќе продолжи и нема да глумиме нормализација

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ако прашањето е дали протестот и активната блокада е нужност, јас ќе ви кажам дека ќе бев посреќен доколку (Димитар) Ковачевски прифатеше дијалог со опозицијата, ако покажеше подготвеност за разговор за решенија кои му ги понудивме преку тимовите во 4 клучни области, и ако сето тоа да го проверевме пред граѓаните на избори, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за Дојче веле.

– Неговото одбивање предизвика реакција преточена во активна блокада, засилена со голем граѓански протест, каде ќе порачаме дека премногу е од сѐ што досега видовме од оваа власт, дека молкот не е опција и дека ие време за промени кои ќе донесат иднина. Не сум човек кој импровизира и сум човек кој сака да биде точен. Не сум човек кој прибегнува кон радикални методи, но понекогаш заострувањето на делувањето е нужност, кога власта има целосно отсуство на разум. Одбран е 18-ти јуни како датум кој треба да биде меѓник помеѓу првиот и вториот дел од нашите активности, кои ќе бидат континуирани во текот на летото. Ние тргнавме во рушење на оваа власт затоа што изборите се решение на проблемите кои стануваат преголеми и сеприсутни. Активната блокада на парламентот ќе продолжи и нема да глумиме нормализација, затоа што и реалноста која ја живееме не е нормална. Воедно, митингот е на само неколку дена пред самитот на Советот на ЕУ, каде сѐ уште не се знае каков резултат може да се очекува, затоа што опозицијата се држи во целосен информативен мрак од страна на власта. Но тоа воедно значи дека не секој договор со источниот сосед ние ќе го поддржиме, и во таа насока сериозно ќе се елаборира секој член и преземена обврска – изјави Мицкоски.

Share This Article