Background

Мицкоски се обрати во Атлантскиот совет во Вашингтон

Премиерот Христијан Мицкоски имаше обраќање во Атлантскиот совет во Вашингтон каде што говореше за иднината на трансатлантските односи и Западен Балкан, осврнувајќи се на односите со Грција, посебно со Бугарија и нашето членство во Европската унија.

„На разговорот во Атлантскиот совет истакнав дека, и покрај значајните отстапки за напредок во евроатлантската интеграција, Македонија останува посветена на заштитата на своите национални интереси и идентитет. Посебен акцент ставив на улогата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур како гарант на човековите права и владеењето на правото, нагласувајќи дека нашата држава ги почитува сите негови пресуди“, напиша премиерот на Фејсбук споделувајќи фотографии.

Претседателот на македонската Влада, кој во САД е придружуван од шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, синоќа имаше средба со Александар Касаноф, заменик помошник секретар за Западен Балкан во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот, на која стана збор состојбата во државата, за европските интеграции и препреките со кои се соочува земјава на тој план, како и за реформската посветеност на Владата и фокусот на клучните области.

- Advertisement -
Ad image

Станало збор и за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, со посебен акцент на регионалната безбедност, економската соработка, доброто владеење и демократијата.

На средбата заеднички е потврден интересот за одржување континуитет во политичкиот дијалог и зацврстување на билатералните односи помеѓу двете земји, преку засилена комуникација и институционална соработка, продолжување на активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, како и преку продлабочена соработка и партнерство во рамки на НАТО алијансата.

Дипломатската офанзива на Мицкоски во рамките на посетата на Вашингтон ќе продолжи со обраќање на годишната Конференција за политичкo дејствување на конзервативците.

На тридневната конференција, која е најголем ваков собир за конзервативците во САД збор ќе земат и Ричард Гренел, претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии и словачкиот премиер Роберт Фицо, унгарскиот премиер Виктор Орбан, аргентинскиот претседател Хавиер Милеи и италијанската премиерка Џорџа Мелони.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation