Барањето од Саборот на СПЦ треба да биде испратено во Цариград

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Архиепископот г.г. Стефан на денешната заедничка богослужба со СПЦ во храмот Свети Сава најави дека МПЦ – ОА ќе продолжи да чекори по својот пат кон автокефалност, пишува Гласот на Америка на македонски. Тој побарал од Саборот на СПЦ да ја донесе одлуката со која повеќедецеинската тага ќе ја претворат во радост. Саборот во Белград ќе продолжи до крајот на неделава, до кога се очекува да се достави барање за автокефалност МПЦ-ОА кое ќе треба да се испрати до Цариград, пишува порталот.

Независно од одлуката на Саборот на СПЦ, архиепископот г.г. Стефан на почетокот на идниот месец ќе одржи заедничка литругија со вселенскиот патријарх Вартоломеј во седиштето на цариградската патријаршија во Истанбул.

По 55 години раскол на денешниот свечен настан српската и македонската црква се во канонско единство.

Share This Article