Поглаварите на МПЦ-ОА И СПЦ ќе служат заедно

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград за половина час  српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски Стефан ќе служат архиерејска литургија за воспоставување на „литургиско и канонско општење на двете сетрински цркви“, однсно литургија на помирувањето, јави дописникот на МИА од Белград.

Вчера Синодот на МПЦ-ОА ја прифати поканата на СПЦ за одржување литургија на помирување.

– Ја прифативме поканата од српскиот патријарх, односно Соборот на Српската православна црква за да се воспостави евхаристичко единство со сиот православен свет со оваа архиерејска литургија што ќе се отслужи во Соборниот храм посветен на „Свети Сава“ – изјави вчера портпаролот на МПЦ, владиката Тимотеј.

Литургијата која ќе почне денеска во 9 часот, а ќе ја одржат српскиот патријархот Порфириј со владиците од СПЦ и архиепископот охридски и македонски Стефан и тројца митрополити во ранг на најстарите, во придружба на неколку нивни соработници.

Во врска со денешното одржување на заедничката литургија, митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј по седницата на Соборот на МПЦ-ОА вчера изјави дека со ова се воспоставува единство не само со СПЦ, туку и со останатите православни цркви, што, според него, е еден чекор до очекуваното конечно постигнувањето на посакуваната цел – автокефалност на МПЦ.

Тој потенцираше дека до крајот на месецов очекуваат сите православни цркви да го прифатат канонското единство со МПЦ-ОА и да биде потпишан томосот од цариградскиот и српскиот патријарх.

На одржување на денешната литургија на двете цркви и претходеше завчерашната одлука на Соборот на СПЦ во која се наведува дека се „поздравува прифаќањето на општо признатиот канонски статус на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност на МПЦ, доделен во 1959 година“. Со ова, според српски извори е „решен спорот што датира од 1967 година кога Македонска православна црква се одвои од СПЦ“.

Како што соопштија српските медиуми, со чинот на заедничка литургија ќе се воспостави литургиско и канонско единство на двете цркви, што симболично ќе означи заживување на одлуката на Светиот архиерејски синод на СПЦ, донесена во понеделник на 16 мај.

Share This Article