Во текот на минатата година забележани се поразителни економски резултати

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Драстичен раст на бројот на затворени компании минатата година. Податоците говорат дека ланската година била погубна за приближно 7.000 компании или поточно 6.993 фирми ставиле клуч на врата. Во однос на 2020-тата година бројките покажуваат зголемување на бројот на згаснати фирми за дури 782 (во 2020-тата не преживеале 6.211 компании), обелоденуваат податоците од реномираната бизнис платформа БизнисМрежа.мк.

Од друга страна, анализата на ,,ПАРИ” покажува дека самите економски показатели за 2021 година се поповолни отколку за 2020 година. Имено, 2020 година е завршена со пад на бруто општествениот производ за 4,5%, додека за 2021 година, Државниот завод за статистика се уште нема објавено податоци, но според ноемвриските проценки на Народната банка, годинава сме ја завршиле со раст на БДП од 3,9%. Инаку, според буџетските проекции на Министерството за финансии за минатата година се очекуваше економски раст од 4,1%. Сепак, и со сегашната динамика, остануваат уверувањата на министерот за финансии Фатмир Бесими, дека годинава се очекува достигнување на претпандемиското ниво на економијата.

Но, и покрај ваквата глобална слика, на микро ниво меѓу компаниите, 782 фирми повеќе од преклани, лани ја изгубиле битката за опстанок.

Најмногу фирми згаснале во секторот трговија, а потоа во преработувачката индуструја и во туристичкиот сектор.

 

ТОП 5 ДЕЈНОСТИ СО ЗАТВОРЕНИ ФИРМИ

 

ДЕЈНОСТ ЗАТВОРЕНИ ФИРМИ ВО 2021 ГОДИНА
Трговија на големо и на мало 1.836
Преработувачка дејност 732
Објекти за сместување и сервисни дејности 707
Други услужни дејности 503
Градежништво 450

ФЕВРУАРИ КОБЕН МЕСЕЦ ЗА КОМПАНИИТЕ

Вообичаено, најмногу фирми и во 2020-та и во 2021-ва,  се затвориле во февруари, бидејќи тогаш Централниот регистар ги брише компаниите што не се активни, во согласност со членот 552 од Законот за трговски друштва. Станува збор за фирми што не доставиле годишна сметка и финансиски извештаи за последната деловна година до последниот работен ден од тековната година, не пријавиле упис на адреса на електронско сандаче, или не уплатиле основачки влог во пропишаниот рок. Но, Централниот регистар лани информира дека во првото полугодие од годината, кога се евидентирани затворања на дури 5.022 фирми, покрај вообичаеното годишно бришење на околу 3.000 фирми од нивна страна, зголемена е динамиката на фирми што отишле во стечај или ликвидација.

За жал, податоците и за второто полугодие покажуваат продолжување на трендот на зголемено затворање на фирмите. Така во периодот јули-декември 2020 година згаснале 1.504 форми, а во истиот период од 2021 година -1.971 фирма.

МЕСЕЦ 2020 2021
Јануари 361 216
Февруари 2966 3403
Март 854 378
Април 162 493
Мај 156 271
Јуни 208 261
Јули 208 295
Август 157 243
Септември 248 281
Октомври 260 264
Ноември 267 370
Декември 364 518

ВО КОИ ГРАДОВИ НАЈМНОГУ ФИРМИ СЕ ЗАТВОРИЛЕ?

Скопје, Битола, Тетово, Куманово и Гостивар се градовите во кои имало најмногу затворања на фирми, но во исто време – таму имало и добра динамика на отворање на фирми.

Очекувано, најголем дел од затворените фирми се во Скопје, повеќе од една третина. Прилеп пак, иако е четврти град по големина во државава, не е во правата петорка во која има затворање на фирми. Во Прилеп лани згаснале 254 компнаии.

ТОП 5 ГРАДОВИ СО ЗАТВОРЕНИ ФИРМИ

ГРАД ЗАТВОРЕНИ ФИРМИ ВО 2021
Скопје 2.430
Битола 397
Тетово 347
Куманово 316
Гостивар 314


ДООЕЛ НАЈПРИВЛЕЧНА ФОРМА ЗА ФОРМИРАЊЕ И НАЈЧЕСТА ВО ГАСНЕЊЕ

Доколку друштвото има еден содружник, фирмата ги содржи зборовите: друштво со ограничена одговорност од едно лице или ознаката ДООЕЛ. Тоа е наједноставната форма на организирање. Како што е и најобемно отворањето на ДООЕЛ, така и затворањето е најактуелно кај овој вид на фирми.

Како што е и најобемно отворањето на ДООЕЛ, така и затворањето е најактуелно кај овој вид на фирми.

ВИД СУБЈЕКТ 2020 2021
Непознато 46 31
АД 24 21
ДОО 608 708
ДООЕЛ 3949 4385
ДРУГО 824 1083
ЈТД 26 26
ПОДРУЖНИЦА 5 6
ТП 729 733

Инаку, според податоците од Државниот завод за статистика, со состојба на 31.12.2021 година евидентирани се 16073 невработени лица по основ на прилив од работен однос за кои престанокот односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот после 11.03.2020 година, односно во периодот на кризата предизвикана од ковид-19.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply