Лани вкупниот обем на трговија со злато изнесуваше 4.974 тони

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Глобалната побарувачка за злато ги урна сите рекорди минатата година, поттикната од големите набавки од централните банки и зголемените инвестиции во овој благороден метал, се вели во извештајот на Светскиот совет за злато, објавен денеска.

Минатата година вкупниот обем на трговија со злато изнесуваше 4.974 тони, што е зголемување во однос на  4.899 тони во 2023 година.

– Во 2024 година, глобалната побарувачка за злато, поттикната од зголемените геополитички и економски несигурности, достигна ново рекордно ниво – коментира Шаокаи Фан, глобален шеф на централните банки во Светскиот совет за злато.

Трета година по ред, обемот на глобалната трговија со злато надмина 1.000 тони, а апетитот на централните банки е зголемен, се наведува во извештајот што го пренесе CNBC.

Народната банка на Полска минатата година беше најголемиот купувач на злато меѓу централните банки, додавајќи 90 тони на своите резерви.

Втор најголем купувач беше Централната банка на Турција (TCMB), која ги зголеми своите резерви за 75 тони, а трет беше Резервната банка на Индија (RBI), институција која постојано купуваше злато секој месец, освен декември минатата година.

Според извештајот, побарувачката за златни прачки и монети лани остана висока, поттикната од силниот интерес во Кина и Индија.

„Кинеските инвеститори се соочија со недостаток на алтернативни средства во кои може да инвестираат“, се вели во извештајот, истакнувајќи дека мешавината на економска несигурност во Кина, тековната нестабилност на берзите и рекордно ниските приноси на државните обврзници ги поттикнале инвестициите во злато.

Во Индија побарувачката за злато се зголеми откако нејзината влада ги намали увозните давачки за злато од 15 на 6% во јули, забележа Светскиот совет за злато.

- Advertisement -
Ad image

„Разочара само побарувачката за златен накит, бидејќи обемот на трговијата минатата година падна за 11% на 1.877 тони“, се заклучува во извештајот.

Share This Article