More

    Милановиќ вели дека не се откажува од блокирањето на Шведска и на Финска

    spot_img

    Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека ќе му наложи на хрватскиот амбасадор во НАТО да се спротивстави на членството на Финска и Шведска додека не се реформира изборниот закон во БиХ.

    Милановиќ смета дека Хрватска не смее да се откаже од условите за членство на Финска и Шведска во НАТО додека не се постигне изборна рамноправност на босанските Хрвати.

    – Ова не е чин против Финска и Шведска, туку е за Хрватска – рече Милановиќ на прес-конференција во Пантовчак.

    Тој смета дека Хрватите во БиХ се „разоруваат“ како политички субјект и дека во хрватски национален интерес е да се спречи тоа и најави дека ќе му наложи на хрватскиот амбасадор во НАТО Марио Нобило да се спротивстави на членството.

    Министерството за надворешни и европски работи минатата недела објави дека во тој случај Нобило мора да го слуша Зрињевац (седиштето на Министерството за надворешни и европски прашања), а не Пантовчак (претседателската палата).

    Како пример за борба за националните интереси, Милановиќ ја посочи Турција, која се противи на влезот во НАТО на двете скандинавски земји додека не исполнат некои услови кои ги бара официјална Анкара.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img