Турција ја блокираше првичната одлука на НАТО да ги процесира барањата на Финска и Шведска за пристапување во воената алијанса, пишува Фајненшл Тајмс. Ова ги доведува во прашање надежите за брзо приклучување на двете нордиски земји.
Амбасадорите на НАТО денеска се состанаа за да ги отворат пристапните разговори откако Финска и Шведска ги поднесоа своите апликации, но опозицијата во Анкара го прекина секое гласање, вели анонимно лице кое има директни информации за ова прашање.
Одложувањето предизвикува сомнеж дека НАТО ќе може да ја одобри првата фаза од барањата на Финска и Шведска во рок од една или две недели, како што претходно најави генералниот секретар Јенс Столтенберг.
Тоа, исто така, го поставува теренот за неколкудневна интензивна дипломатија меѓу Соединетите Американски Држави, Турција, Финска и Шведска по ова прашање.
Сите 30 постоечки членки на Алијансата мора да ги ратификуваат апликациите на Финска и Шведска, но тој процес започнува дури кога Алијансата за одбрана ќе издаде протокол за пристапување и официјално ќе ги покани двете земји да се приклучат.
НАТО одби да го коментира потегот на Турција. Претходно, турскиот весник Сабах објави 10 услови кои Турција ги поставува за да не стави вето на приемот на Шведска и Финска во Алијансата.