Иницијатива за соработка меѓу 13 земји од ЕУ и Западен Балкан

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Морињата се одредниците кои ќе ги исцртаат новите сфери на интерес во светот, а новиот интерес конечно ќе се вика бизнис затоа што сите ќе сфатат дека без бизнис нема ништо и дека тоа е единственото врзивно ткиво на овој свет, порача претседателот на Стопанската комора Бранко Азески на панел дискусијата за претставување на иницијативата „Три мориња“, можностите за економската соработка меѓу нејзините членки и придонесот во нивниот економски развој, со посебен осврт на инфраструктурата и вклучувањето на земјите од Западен Балкан и зајакнувањето на оската север-југ во источна Европа.

На панел дискусијата, во организација на Стопанската комора во соработка со Институтот за стратешки иницијативи и политики, беше посочено дека интегрирањето на Западен Балкан во оваа иницијатива ќе придонесе за поефикасно поврзување на земјите од регионот и членките на оваа иницијатива и ЕУ пошироко, а ќе придонесе и за зајакнување на европската кохезија, развој на поефикасни коридори, унапредување и зајакнување на трговските, енергетските и информатичките коридори, а со тоа и за забрзување на економскиот раст.

– Иницијативите кои доаѓаат од надвор се многу значајни и треба да ги прифатиме како свои и да ги ставиме во рамките на нашите бизнис позиции за да дадат друга светлина и да можеме да кажеме дека имаме конкретен интерес од нив. Локалните иницијативи мора да најдат свое место во една ваква глобална иницијатива каква што е „Трите мориња“ зашто само на таков начин ќе можеме да кажеме дека сме направиле колосек кој ќе нѐ води кон евроатлантските интеграции – рече Азески.

Тој истакна дека на Балканот треба да проработат моторните сили на пазарната економија во големите држави кои можат да повлечат напред и да отворат пазари за нашите производи и компании.

– Тие мора да добијат меѓународна поддршка и да го направат тоа затоа што без тоа ние не можеме да добиеме. Нема да ги прескокнеме нив за да бараме други пазари. Нас ни требаат пазарите на Романија, Грција, Бугарија, Србија, Хрватска, на Европа. Затоа Стопанската комора ќе го поддржи сѐ она што ќе го препознаеме како оваа иницијатива „Тртите мориња“, која оди во правец да се поттикне економскиот раст на клучните локомотиви во регионот – потенцира Азески и додаде дека претходно треба да си ги средиме работите по дома како што се борбата со корупцијата и сивата економија, брза гасификација на државата, отворање на нови пазари, заедничко регионално дејствување, заштита на интересите на бизнисот, подигнување на стандардот на граѓаните,…

Вишиот советник на претседателот на Фондацијата Херитиџ, Џејмс Карафано посочи дека иницијативата „Трите мориња“ е уникатна можност за нас, бидејќи од црна дупка на Балканот треба да станеме светла точка.

– Северна Македонија е централна точка на иницијативата „Трите мориња“ зашто многу е важно поврзувањето на Јадранското Море со Црното Море. Иако немате излез на море можете да поврзете важни пристаништа зашто сте на средина, а поврзаноста носи можности за енергенси, нови ресурси, центри за иновација со што ќе се создадат можности за иден раст и ќе се помогнат бизнисите. Можеби сте мала земја, но според мене дури и најголемата и најсилна врата ја отвора мала брава, а во нашиот случај токму вие сте малата брава – рече Карафано.

Регионалниот директор за Европа на Меѓународниот републикански институт, Пол МекКарти посочи дека е важно вклучувањето на Западен Балкан во иницијативата „Три мориња“.

– Иницијативата не може да функционира само со пристапот на Словенија и Хрватска до Јадранското Море. Важноста на трансверзалите север-југ и исток-запад ќе налагаат масивни инвестиции, а економската соработка ќе биде клучна за да се поврзе целиот регион – истакна МекКарти.

- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Српско-американскиот конгрес и поранешен потпретседател на Собранието на Република Србија, Владимир Маринковиќ рече дека како земја се посветени да бидат вклучени во сите регионални иницијативи, а особено во оние кои се фокусираат на економскиот развој и на создавање подобро инфраструктурно поврзување и енергетска безбедност и инвестиции.

– Регионалната инцијатива „Отворен Балкан“ не е само економска инцијатива, туку и иницијатива за мир. Нејзиното залагање за слободен пазар без граници е добро за економијата, но и за решавање на сите прашања преку економска соработка и трговија. Токму тоа е единствениот предуслов за решавање на политичките проблеми и за долгорочната стабилност на регионот. Затоа ги поддржуваме сите регионални иницијативи кои се насочени кон подобрување на соработката и за нас е мошне охрабрувачки да бидеме и дел од иницијативата „Три мориња“ – рече Маринковиќ.

Поранешниот министер за финансии и за економија на Република Албанија, Арбен Малај, пак, рече дека иницијативата „Три мориња“ сега е приоритет за земјите од регионот, но во иднина ќе биде итен приоритет, особено кога станува збор за конфликтите, несигурноста, недостигот на безбедност.

- Advertisement -
Ad image

Иницијативата „Три мориња“ опфаќа тринаесет земји-членки на ЕУ лоцирани меѓу Балтичкото, Црното и Јадранското Море и тоа Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Полска, Романија, Словачка, Словенија и Грција. Започната е во 2014 година како идеја да се засилат врските во транспортот, етиката и информатиката.

Share This Article