Светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, пред да го одбрани трофејот во Париз, зборуваше за своите најголеми ривали во кариерата, Роџер Федерер и Рафаел Надал, пишува Б92. Го прашаа кој од двајцата му е поголем ривал, а за него немаше дилема.
– Секогаш сме се натпреварувале добро. Федерер и Надал отсекогаш биле таму, но за мене Надал е мојот најголем ривал во кариерата. Созреав како играч затоа што тој ме турна да одам во таа насока – изјави Ѓоковиќ.
На прашањето дали размислува за пензионирање како Федерер и Надал, тој беше јасен:
– Не се чувствувам како да сум на крајот од кариерата, годините се обична бројка.
Новак според букмејкерите е фаворит број еден и не бега да биде лидер и на таа листа. Тој доаѓа во Париз во одличен момент на вториот Грен слем на Ролан Гарос сезонава. Најдобриот светски тенисер по триумфот на Мастерсот во Рим и првата титула сезонава влезе во 370-та недела од владеењето на АТП листата и е подготвен да атакува на 21-та титула од турнирот во големата четворка.