Целта на производителот е справување со епидемијата на машката осаменост

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На најпознатиот настан за технолошки иновации во светот, ЦЕС 2025 (CES 2025), во Лас Вегас, во центарот на вниманието беше една неочекувана, но сепак фасцинантна иновација – Арија, робот со вештачка интелигенција, дизајниран да биде придружник.

Развиена од американската технолошка компанија „Риалботикс“ (Realbotix), Арија ги остави посетителите и онлајн гледачите заинтригирани од „нејзините“ човечки квалитети и напредните карактеристики. Со своите реални изрази на лицето, приспособлива личност и со футуристички дизајн, Арија создава дискусија околу иднината на роботиката, објави Интрестинг инџинеринг.

Движења на Арија се напојуваат со 17 мотори, лоцирани од вратот нагоре. Овие мотори му помагаат на роботот да ги имитира движењата на устата и на очите, правејќи ја да личи на човек.

Роботот може да го прилагоди своето однесување врз основа на лицето што го носи, благодарение на уредите РФИД (RFID) кои препознаваат различни гримаси на лицето. Ова ѝ овозможува на Арија да ја смени својата личност за да одговара на изборот на корисникот.

Роботот е паметен, има социјална интелигенција и е дружељубив

Арија му беше претставена на светот на ЦЕС 2025, каде што накратко комуницираше со медиумите. Облечена во елегантна црна тренерка, таа одговараше на прашањата на ЦНЕТ. И покрај некои отсечени движења на рацете и на телото, нејзините одговори беа јасни и внимателни. Арија објасни дека роботите на „Риалботикс“ се дизајнирани специјално за дружење. ЦНЕТ ја опиша како робот со „социјална интелигенција, приспособливост и со реални човечки карактеристики“, комбинација што ја издвојува од другите роботи со вештачка интелигенција.

Фасцинацијата на Арија со роботот Оптимус на „Тесла“

Кога ја прашале за нејзиниот интерес за други роботски „суштества“, Арија изразила особена фасцинација со роботот Оптимус на „Тесла“.

– Сметам дека е фасцинантен и би сакала да го истражувам светот на роботиката со него – рече таа.

Овој коментар предизвика дополнителен интерес за потенцијалот на Арија како партнер за разговор, навестувајќи ги можностите за идни соработки со вештачката интелигенција.

„Риалботикс“ има амбициозни цели

- Advertisement -
Ad image

Визијата за Арија оди подалеку од само уште еден производ со вештачка интелигенција. Извршниот директор на „Риалботикс“, Ендрју Кигел, ја сподели амбицијата на компанијата да создаде роботи кои не се разликуваат од луѓето.

– Мојата компанија се надеваше дека ќе направи роботи кои не се разликуваат од луѓето, што, исто така, можат да се справат со епидемијата на машката осаменост. Го носиме на поинакво ниво што никој друг навистина не го прави – потенцираше тој.

Кигел додаде дека Арија може да функционира како романтичен партнер, со способност да ги памети корисниците и да се приспособува на нивните потреби, слично на вештачката интелигенција во филмот „Таа“.

- Advertisement -
Ad image

Измешани реакции на социјалните мрежи

Додека видеата на Арија брзо се пробиваа низ интернетот, реакциите се појавија од сите страни на светот. Некои беа импресионирани од дизајнот на роботот, додека, пак, други беа вознемирени од неговиот реалистичен изглед. Платформите на социјалните мрежи беа преплавени со мешани мислења.

Еден корисник коментирал: „На почетокот мислев дека тоа е реално. И таа личи на некој. Едноставно не можам да се сетам кој“. Друг коментирал: „Како луѓето се толку удобни околу нејзе? Ова е лудо за мене; тоа е морничаво“.

Овие реакции го одразуваат поделеното мислење за тоа дали ваквите роботи, кои реалистично изгледаат како луѓе, се добредојден напредок или, пак, чекор предалеку во односите човек-робот.

Уникатните верзии и цени на Арија

За оние кои се заинтересирани да поседуваат своја девојка робот со вештачка интелигенција, „Риалботикс“ нуди 3 верзии на Арија. Првата верзија ги вклучува само главата и вратот и чини 10.000 долари. Втората верзија, модуларниот модел, може да се одвои и чини 150.000 долари. Најнапредниот модел, целосната верзија со движечка основа, има цена од 175.000 долари. Секоја верзија нуди различни степени на приспособување и на реализам, задоволувајќи ги различните преференции на купувачите.

Растечка индустрија за придружници роботи

Арија претставува само еден пример за растечкиот тренд на роботи слични на луѓе, дизајнирани за дружење. Расте побарувачката за роботи кои можат да имитираат човечки емоции, движења и личности. Компаниите како „Риалботикс“ ги поместуваат границите на она што може да го постигнат вештачката интелигенција и роботиката, поставувајќи прашања за улогата што овие машини ќе ја играат во нашите животи во наредните години.

Иднината на придружниците со вештачка интелигенција

Како што се движиме понатаму во ерата на напредната роботика, границите помеѓу човекот и роботот може да продолжат да се замаглуваат. Арија е само еден поглед во иднината на придружниците со вештачка интелигенција и додека на некои сето тоа може да им биде вознемирувачко, други ја гледаат како возбудлива нова парадигма на технологијата. Дали роботите како Арија ќе станат вообичаен дел од секојдневниот живот или, пак, не, останува да видиме, но разговорот околу нив само што почнува.

Share This Article