Не дај боже да избувне пожар, имаме само еден активен пилот

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) се соочува со сериозни предизвици во своето функционирање поради немање национална стратегија за заштита и спасување, недостиг на квалификуван персонал и неадекватно управување со имотот и опремата. Ова создава значителни ризици за безбедноста на земјата, особено во услови на природни непогоди и други несреќи, каде брзата и ефективна реакција е од клучно значење, соопшти Државниот завод за ревизија (ДЗР).

ДЗР изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност на ДЗС за 2023 година.

Државниот завод за ревизија објави дека во земјава има 100 скривници, но дека Дирекцијата за заштита и спасување служба ги има запуштено оние засолништа што биле достапни за увид.

„Со посета на дел од засолништата кои ѝ се доделени на ДЗС, а се наоѓаат во подрачните одделенија во општините Центар, Аеродром, Карпош, Гази Баба, Велес и Штип, кои располагаат со вкупно 32 засолништа, утврдивме дека ДЗС не врши нивно тековно одржување. Голем дел од засолништата се блокирани или затворени од препреки од дрва и кабаст отпад, дел од нив се отворени и личат на депонии, а некои се магацини за стара опрема. Некои засолништа не се во функција поради неисправни системи за вентилација и недостиг на струја и вода. Истовремено, едно засолниште се користи од приватно правно лице, за кое користење не ни беше доставена документација за закуп, ниту пак утврдивме соодветен приход по овој основ“, објави државниот ревизор.

Со одлуки на Владата на ДЗС ѝ се доделени под надлежност уште 98 други деловни простории, како канцеларии и гаражи, а најзапуштени биле магацините.

„Дел од опремата на ДЗС сместена во магацините е нефункционална, неупотреблива и технолошки застарена, некомпатибилна, непроверена, несервисирана веќе подолг период, со поминат рок на употреба. Дел од опремата која е доделена од Министерството за одбрана согласно делбен биланс уште во 2005 година, е постара од 40 години“, се додава во извештајот од Заводот за ревизија.

„Со извршената ревизија изразивме неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2023 година и за усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики. Со одлуки на Владата во 2005 година на ДЗС ѝ се отстапени на користење вкупно 198 објекти (100 засолништа и 98 деловни простории – канцеларии, магацини, гаражи и друго). Во деловните книги се евидентирани 24 градежни објекти (12% од вкупниот број доделени објекти), но за нив не беа презентирани имотни листови и документација за применетата методологија по која е извршена проценката на нивната вредност. Во 2019 година ДЗС до Бирото за судски вештачења има доставено барање за извршување процена на 32 градежни објекта. Бирото доставило Процена на вредноста, но до денот на известување од извршената ревизија деловните објекти не се евидентирани во деловните книги на ДЗС“, се наведува во извештајот.

Според ревизијата, за останатите 142 градежни објекта (72% од вкупниот број дадени на користење) не е почната постапка за проценка на вредноста и евидентирање во деловните книги на ДЗС, иако за оваа состојба дадена е препорака и во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за извршена ревизија за 2010 година.

Во Дирекцијата има само еден активен пилот, наместо предвидените седум. Двајца пилоти кои се во пензија се ангажираат хонорарно за време на пожарите, а Агенцијата за цивилно воздухопловство по вонредната инспекција ја ограничила Дирекцијата во извршувањето на летечки операции.

- Advertisement -
Ad image

„Поради недостиг на пилоти воздухопловите на ДЗС нема да можат да се користат, што ќе има влијание врз целокупниот процес на заштита од пожари. Имајќи предвид дека во првата половина на месец јули 2024 година на територијата на Републиката активни се повеќе од 10 пожари на отворено, од страна на ДЗС со пензионираните пилоти, склучени се договори за дело за период од три месеци“, се наведува во ревизорскиот извештај.

Дирекцијата секоја година склучува договор за осигурување на воздухоплови, а ангажирала и надворешен експерт за посредување на кого за две години му исплатила 208.000 евра. Според ревизијата, не се докажало дека е потребно такво нешто, а експертот зел една четвртина од парите за осигурувањето.

Дирекцијата иако во 2023 година набавила 40 изолациски дишни апарати и 20 рачни термални камери за пожарникарите, кои фаќаат прашина во магацин, наместо да им се дадат на противпожарните едници.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article