Минатата недела 5.000 мигранти беа фатени како илегално ја минуваат унгарската граница

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Унгарската полиција во текот на изминатата недела во пограничната зона открила 3.033 лица без валидни документи за престој во Унгарија. На оградата на унгарско-српската граница, воените и полициските патроли спречија 2.108 мигранти илегално да влезат во соседната земја.

Само вчера унгарската полиција и војници уапсиле 447 лица кои илегално влегле во земјата, а во близина на граничната заштитна ограда спречиле 728 лица илегално да влезат во Унгарија, јавува РТС.

Повеќето илегалци се уапсени во две окрузи кои граничат со Србија – 218 мигранти во округот Чонградско-канад и 185 луѓе во градовите и селата во округот Бач-Кискун, според унгарската полиција.

Меѓу приведените кои не можат да докажат легален престој во Унгарија се Сиријци, Индијци, Турци, државјани на Сомалија, Ирак, Багдад, Мароко, Палестина и Авганистан.

Во согласност со унгарските закони, полицијата ги спроведе сите илегални мигранти до границата со Србија.

Share This Article