Елизабет Борн доаѓа на местото на Кастекс кој даде оставка

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Триесет години по краткиот престој на Едит Кресон (1991-1992) во хотелот „Де Матињон“, од вечерва тој повторно ќе биде запоседнат од жена. Реизбраниот француски претседател Емануел Макрон денеска ја назначи Елизабет Борн за нов премиер на земјата, соопшти Елисејската палата, јави дописникот на МИА.

Поранешната шефица на РАТП и поранешен префект на Поату-Шарент, во 2017 година му се приклучи на шефот на државата и неговиот прв мандат таа последователно беше министерка за транспор, за еколошката транзиција, за на крајот да биде и минитерка за труд.

– Таа во неговиот петгодишен мандат ги отелотвори повеќето големи трансформации подобро од кој било друг – забележа извор близок до Макрон.
Нејзиниот претходник, Жан Кастекс, попладнево во Елисејската палата ја поднесе својата оставка до претседателот на Републиката. Во писмо тој зборува за „новата ера што се отвора“ и најавува дека ќе се држи подалеку од националниот политички живот. Но, претходно Кастекс, сепак, ќе мора да го мине традиционалниот трансфер на власта, со новиот шеф на владата.

Борн потоа, во договор со шефот на државата, ќе треба да го формира тимот што ќе ја сочинува извршната власт до изборите во јуни.

Британските медиуми пренесуваат дека оставката на Кастекс ја овозможува долго очекуваната реконструкција на владата по претседателските избори во април, на кои Емануел Макрон го доби својот втор мандат. Макрон, претходно изјави дека бара кандидат за премиер „ со зелена и социјална политика“, слушајќи го гласот на граѓаните.

Share This Article