Драмата околу српскиот водител и актер Милан Калиниќ и девојката која го пријави за насилство продолжува.
Милан Калиниќ на 29 декември беше пријавен од страна на девојка А. В. за насилство.
На Калиниќ му е изречена мерка притвор, а А.В. може и приватно да го тужи. Извор запознаен со случајот откри за локалните медиуми што му претходело на инцидентот.
– Милан и А. В. се степале. Настанала физичка пресметка. Таа го удирла, но и тој ја удрил неа. Причина за нивниот конфликт било тоа што му се јавила жена, а тој бил покрај А. В. и рекол дека бил кај своја пријателка и тука започнала целата драма. Таа рекла „До кога ќе ме криеш?“ – изјави извор за „Блиц“ и додал:
– Милан негира дека ја удрил, а таа призна дека го нападнала и го удрила во меѓуножјето – заклучи истиот извор запознаен со случајот.
Да потсетиме, Калиниќ пред два дена во семејниот стан во Нов Белград ја удрил девојката А. В. (40).
Калиниќ се предал на полицијата и му била изречена итна мерка – забрана за приоѓање и комуникација. Жената наводно рекла дека ја удрил во главата. Таа ја одбила помошта на лекарот од итната помош и на полицијата и рекла дека сама ќе оди кај својот лекар.