Во Авганистан се забранија прозорци низ кои се гледаат жени

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Врховниот лидер на талибанците издаде наредба со којашто се забранува изградба на прозорци во станбените згради со поглед на областите што ги користат Авганистанките. Во случај да постојат такви прозорци, пак, на сопствениците ќе им се наложи да подигнат ѕид или да го блокираат погледот „за да не ги вознемируваат соседите“, се наведува во декретот.

„Новите згради не треба да имаат прозорци што овозможуваат да се види дворот, кујната, бунарот на соседот и другите области коишто најчесто ги користат жените. Гледањето жени – кои работат во кујната, во дворот или земаат вода од бунарот – може да доведе до несоодветни постапки“, соопшти Владата, преку објава од својот гласноговорник Забихула Муџахид на мрежата Икс.

Градските власти и другите надлежни одделенија ќе треба да ги следат градилиштата за да се осигураат дека не е можно да се погледне во куќата на соседот.

Share This Article