Девојка го пријавила водителот Милан Калиниќ за насилство

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Како што објавија синоќа дел од српските медиуми, девојка го пријавила водителот Милан Калиниќ за насилство.

Имено, како што се наведува, драмата се случила нешто пред полноќ во Нов Белград, кога девојката повикала полиција и навела дека Калиниќ ја претепал.

Од редакцијата на српски „Блиц“ го побарале Милан за да ги потврди овие наводи, а тој за „Блиц“ изјавил дека не се случило никакво насилство.

– Видов што е напишано. Ја знам девојката, ги видов овие иницијали, но не знам зошто овие пишувања. Никого не сум допрел со прст. Сè е во ред, не знам за што се работи. Можно е тоа да е поради моите неодамнешни објави на социјалните мрежи, не знам за што друго би можело да се работи – кратко изјавил Калиниќ за „Блиц“.

Девојката со иницијали А. Б., објаснила што се случило.

– Таа изјавила дека добила удари од него, а кога патролата дошла на лице местото, било констатирано дека Калиниќ побегнал од адресата каде што се случило насилството. Таа навела дека добила удар во десната слепоочница додека седела на столот, поради што има модринка под окото. Меѓутоа, таа не сакала да ѝ пружат лекарска помош во Брзата помош, туку изјавила дека сама ќе оди на лекар – изјави извор запознаен со целата приказна.

Како што дознава српски „Телеграф“, Калиниќ синоќа ѝ се предал на полицијата и му била изречена итна мерка – забрана за приоѓање и комуникација.

Девојката изјавила дека тој ја удрил во главата во нејзиниот стан во Нов Белград.

Share This Article