Пред американската јавност е објавено вознемирувачко видео на кое се гледа како чувари го тепаат 43-годишниот затвореник Роберт Брукс во затвор во државата Њујорк, кој починал еден ден подоцна.
Според прелиминарниот извештај, Брукс починал на 10 декември од задушување предизвикано од компресија на вратот. Чуварите од сѐ уште непознати причини го одвеле Брукс во медицинската соба. На снимката се гледа како полицајците постојано брутално го удираат Брукс по целото тело додека тој бил врзан, јавува Би-би-си.
Во еден момент еден од чуварите го фатил за врат, а потоа силно го фрлил на масата.
Чуварот му ставил нешто во устата на Брукс пред да го удри. Снимките, сепак, не вклучуваат звук, па се уште не е познато што точно му претходело на бруталниот напад.
Инцидентот предизвика бурни реакции. Гувернерот на Њујорк Кети Хочул реагираше брзо, наредувајќи отпуштање на 13 чувари и еден медицински техничар вклучени во нападот. Канцеларијата на јавниот обвинител Летиција Џејмс отвори истрага за смртта на Брукс, додека синдикатот на затворските работници го осуди инцидентот.
– Револтирана сум и ужасната од овој инцидент – рече Хочул, додавајќи дека сите одговорни ќе одговараат.
Брукс инаку отслужувал 12-годишна затворска казна за физички напад, според Асошиејтед прес. Тој бил префрлен во затворот Марси од блискиот поправен дом Мохавк истиот ден кога се случил инцидентот.
Инцидентот го привлече вниманието на поширокиот проблем на насилство и злоупотреба во затворите во Њујорк. Дона Либерман, извршен директор на одделот на ACLU во Њујорк, рече дека тепањето „не бил изолиран инцидент“, туку одраз на „култура на насилство и недостаток на одговорност“ меѓу затворскиот персонал и во затворскиот систем.
Независната организација за надзор на затворите, поправната асоцијација на Њујорк, ги истакна вознемирувачките модели на расна дискриминација и малтретирање на затворениците во извештајот минатата година.