Кина ја одобри изградбата на најголемата хидроцентрала во светот, со што започна амбициозен проект на источниот раб на Тибетската висорамнина, кој може да влијае на милиони луѓе во Индија и Бангладеш.
Според проценката на Power Construction Corp of China браната, која ќе се наоѓа во долниот тек на реката Јарлунг Зангбо, би можела годишно да произведува 300 милијарди киловат часови електрична енергија.Toa e повеќе од три пати од 88,2 милијарди kWh, што е проектираниот капацитет на моментално најголемата хидроцентрала во светот, Трите клисури во централна Кина.
Трошоците за изградба на браната, вклучувајќи ги и инженерските трошоци, исто така се очекува да ја засенат браната Три клисури вредна 35 милијарди долари. Тоа вклучуваше преселување на 1,4 милиони луѓе и беше четири пати повеќе од првичната проценка.
Проектот треба да игра важна улога во исполнувањето на целите на Кина за јаглеродна неутралност, ќе ги зајакне поврзаните индустрии како што е инженерството и ќе создаде работни места во Тибет, објави новинска агенција Ксинхуа.
Властите не посочија колку луѓе ќе бидат раселени поради проектот или како тој ќе влијае на локалниот екосистем, еден од најбогатите и најразновидните во светот.