Судот во Турција денеска ги осуди на по 18 години и 5 месеци затвор сопственикот и архитектот на хотелот „Исијас Гранд“, кој се урна во земјотресот во 2023 година, при што загинаа 72 лица.
Сопственикот на хотелот Ахмет Бозкурт и неговиот архитект Ердем Јилмаз се осудени на по 18 години и 5 месеци, додека синот на Бозкурт, Мехмет Фатих, е осуден на 17 години и четири месеци затвор, јави Би-Би-Си.
Тројцата беа осудени за „предизвикување смрт или повреда на повеќе од едно лице од свесно невнимание“.
EPA-EFE/DENIZ TEKIN