Данска објави дека ќе потроши близу 1,5 милијарди евра за одбрана само неколку часа откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја повтори својата желба да го купи островот Гренланд, јави Би-Би-Си повикувајќи се на данските локални медиуми.
– Со години не инвестиравме доволно на Арктикот, сега планираме посилно присуство – изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
Тој откри дека за тие пари планирана набавка на два патролни чамци од класата Тетис, два дрона со долг дострел и два тима со кучиња влечење, а средствата ќе се вложат и во зголемување на персоналот на данската арктичка команда.
Поулсен го нарече времето на оваа објава „иронија на судбината“, бидејќи објавата дојде само неколку часа по најновите изјави на Трамп за купување на Гренланд.
Сепак, министерот нагласи и дека Данска не може сама да ја контролира огромната територија на Гренланд.
– Нема конкретни планови, но ќе соработуваме со САД – рече Поулсен.
Гренланд е најголемиот остров на светот и е автономна територија на Данска. Данскиот државен врв вторпат го одби Трамп во неговата понуда, еднаш за време на неговиот прв мандат.
Повеќе американски претседатели низ историјата сакале да го купат Гренланд поради неговата стратешка позиција. Островот е најкратката копнена врска меѓу Северна Америка и Европа.