„Руските сили извршија масовен напад со прецизно оружје со долг дострел и со беспилотни летала врз објектите на критичната енергетска инфраструктура во Украина, кои обезбедуваат работа на воено-индустрискиот комплекс“.
Ова се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Во соопштението се тврди дека е постигната целта на нападот и дека „се погодени сите мети“.
Претходно, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Русија денеска лансирала над 70 ракети и повеќе од 100 дронови брз енергетскиот систем на Украина.
„Денеска Путин намерно го избра Божик за својот напад. Што може да биде понехумано од тоа? Над 70 проектили, вклучително и балистички, и над 100 напаѓачки беспилотни летала. Целта е нашиот енергетски систем. Тие продолжуваат да се борат Украина да остане во темнина“, објави Зеленски на Телеграм.
Амбасадорката на САД во Украина, Бриџит Бринк, ги нарече нападите „божикен подарок на Русија за Украина“, објави Гардијан.
„Повеќе од 70 проектили и 100 дронови, насочени кон украинските семејства кои слават во своите домови и енергетската инфраструктура што ги одржува топли. За третата празнична сезона, Русија ја вооружува зимата.
Според украинското Министерство за одбрана, соборени се 59 руски проектили и 54 дронови.