ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ПО ПОВОД КАТОЛИЧКИ БОЖИЌ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков упати честитка до сите граѓани од католичка вероисповед по повод големиот христијански празник Раѓање Христово-Божиќ.

Почитувани сограѓани од католичка вероисповед,
Со најискрени желби
 за мир, здравје и благосостојба, дозволете ми во мое лично име и во името на Општина Охрид да ви го честитам– Раѓањето Христово-Божиќ.

Ви посакувам овој голем празник, со својата благодат и спокој, да ги донесе Божјите милости во вашите домови и срца. Божиќ е светлина која го осветлува патот на човештвото, тој е гласник на љубовта и милосрдието. Како што Христовото раѓање донесе спасение, нека и секој нов ден биде надеж за нов почеток и нова среќа.

Во ова време на радост и празнување, да си подадеме рака еден со друг и да ги чуваме вредностите што не поврзуваат. Нека пораките за човекољубието и почитувањето не водат кон заедништво и разбирање. Среќен Божиќ!, стои во честитката на градоначалникот Пецаков.

Share This Article