Патнички авион со 72 лица се сруши во Казахстан, соопшти таму Министерството за вонредни ситуации.
Авионот на Азербејџан ерлајнс летал од главниот град Баку кон Грозни, Русија, но бил пренасочен поради густата магла.
Авионот се урна во близина на аеродромот Актау на западот на земјата. На социјалните мрежи се појавија видеа од несреќата на кои се гледа како авионот се запалил при падот.
Казахстанските власти наведуваат дека, според првичните информации, има преживеани, пишува The Tribune.