Хрватската пејачка Северина сподели видео со својата мајка и со најблиските пријатели на Бадник.

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Хрватската пејачка Северина сподели видео со својата мајка и со најблиските пријатели на Бадник.

„Мајка ми е најдобра… и најубава“, напишала таа покрај видеото на кое ја гушка и бакнува мајка си за време на празнично снимање во нејзиниот дом. Со неа бил синот Александар и другите членови на семејството и најблиските пријатели.

„Браво среќо моја. Срцето ми е огромно“,  ѝрекла мајка и ѝ покажала дека срцето ѝ е огромно од среќа

 

Северина е многу блиска со мајка си Ана.

Северина е многу блиска со мајка си Ана.

„Беше во кома пет месеци откако ме роди, но вели дека вредело“, открила пејачката еднаш за својата мајка.

„Помина низ тежок живот со неподнослива леснотија на постоење… Ме бодреше, беше покрај мене кога беше најтешко, нејзината смеа ме лекуваше. Таа е мајка на сите мои пријатели. Несебично споделуваше сè, а најмногу љубов. Сè што сум, јас сум поради неа…Мамо, среќна сум што токму ти ме роди, ти си мајка на мајките и мојата кралица“, напишала еднаш Северина.

- Advertisement -
Ad image

Ана застана во одбрана на Северина по конфликтот помеѓу пејачката и нејзината сестра. Да потсетиме, инцидентот се случил во 2022 година, кога Северина на аеродромот ја пречекала полицијата, откако нејзината сестра пријавила за нанесување повреди.

Сестрите наводно се судриле околу имотот, а пејачката се здобила со повреди. Мајката на Северина тогаш застана во нејзина одбрана и изјави дека нејзината сестра Маријана „сама се фрлала“ и дека ова не е првпат да ја пријави сестра си.

Share This Article