Петрова им вети персонализиран третман

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од почетокот на следната година 25 даночни обврзници преминуваат во надлежност на Дирекцијата за големи даночни обврзници (ДГДО) при Управата за јавни приходи (УЈП), соопштија оттаму.

Тоа значи дека ќе бидат под посебен и персонализиран третман, со поголема поддршка и управување со нивните даночни права и обврски а истовремено, информира УЈП.

Дирекцијата за големи даночни обврзници  управува со 130 до 430 даночни обврзници кои обезбедуваат висок процент од вкупните даночни приходи (од 38% до 48%).

Директорката на УЈП, Елена Петрова на настанот организиран по повод приемот на овие даночни обврзници во дирекцијата за големи обврзници рече дека тие стануваат дел од ТОП 300 најголеми даночни обврзници во земјата.

-Персонализираниот однос со големите даночни обврзници вклучува не само директни контакти преку контакт лица, туку и редовни средби, состаноци и посети, како и внимателно следење на специфичните даночни ризици на секој обврзник. Дирекцијата ги следи сите фактори што можат да влијаат на даночната усогласеност, како што се инвестиции, трансакции со нерезиденти, трансакции со поврзани лица, како и активности во технолошко-индустриска развојна зона. Персонализацијата во односите со големите даночни обврзници како принцип овозможува ефикасност и ефективност на ресурсите на УЈП – рече Петрова.

Таквата соработка, како што додаде Петрова, создава услови за подобро разбирање и соработка, што води до меѓусебна доверба и транспарентност помеѓу УЈП и даночните обврзници.

Од УЈП истакнуваат дека меѓусебниот кредибилитет и задоволство се основни принципи кои влијаат на поддршката и поттикнувањето на доброволната даночна усогласеност.

Управничлата на Дирекцијата за големи даночни обврзници (ДГДО) Пепина Змејковска, на новите даночни обврзници им вети максимална поддршка преку партнерството на цврста основа.

– Вашиот данок, платен на време, значи иднина за државата! Во насока и во согласност со Програмата за работа на Владата 2024-2028 година предвидени се повеќе реформи  дигитализација на даночните процедури со цел искористување на ресурсите а со тоа и даноците да се плаќаат со што е можно помалку вложен труд. Дирекцијата со сите преземени мерки ќе ги зголеми приходите преку процесот на модернизација и оптимизација на системот за наплата, и на тој начин ќе постигнеме зајакнување на нашите интерни капацитети како даночен орган – рече Змејковска.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article