Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја одби жалбата на одбраната на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и го потврди решението на судијата на претходна постапка со кое му беше определен 30-дневен притвор.Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба изјавена од одбраната на А.Г., недостапен за органите на прогон, против решението на судија на претходна постапка, донесе одлука со која ја одби жалбата на одбраната и го потврди решението на судија на претходна постапка, информираат од Кривичен суд.