Извесно е дека после празниците во Собранието ќе биде покрената постапка за интерпелација на членовите на Судскиот совет кои се избрани од пратениците

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Извесно е дека после празниците во Собранието ќе биде покрената постапка за интерпелација на членовите на Судскиот совет кои се избрани од пратениците.  Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека размислуваат за такви активности за следниот месец.

– Ние размислуваме за неколку потези, некои мерки кои ќе ги преземеме после празниците, затоа што и покрај најавите дека се надминати оние појави на анксиозност, дијареа, грчеви и покачена температура, сè уште тие процеси траат кај одредени обвинители и судии. Граѓаните мора да ја добијат правдата. Планираме вакви активности во следниот период – рече премиерот Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали се планира разрешување на оние членови на Судскиот совет кои се избрани од Собранието.

За правдата, додаде премиерот, не се доволни само полициските акции.

 Тоа беа историски, досега незапаметени акции, кои ги направија МВР, СВР Скопје, БЈБ и АНБ. Но, не одат работите во правецот што го очекуваат граѓаните. Ние како Влада ќе се бориме против криминалот и корупцијата преку МВР, но очекуваме целата состојба да биде комплетна откако и другите институции ќе разберат дека граѓаните мора да ја добијат правдата и дека правдата за сите ќе биде подеднаква – рече денеска премиерот.

Собранието не го усвои извештајот за работењето на Судскиот совет за 2023 година, па според одредени толкувања тоа може да биде основ за разрешување на оние членови на Советот кои се избрани од пратениците. Тоа се членовите кои во Законот за Судскиот совет се дефинирани со терминот „истакнати правници“. Моментно, како истакнати правници во Советот членуваат Весна Дамева, која неодамна поднесе оставка од функцијата претседател, Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Миљазим Мустафа и Тања Чачарова Илиевска.

Судскиот совет има вкупно 15 члена. Освен правниците, членуваат 8 судии кои се избираат на непосредни  судски избори, а членови по функција се министерот за правда и претседателот на Врховниот суд.

Од петмината правници, тројца ги избира директно Собранието, а останатите двајца ги предлага претседателот на државата, а ги избира Собранието.

Share This Article