Израел сака Хутите да бидат прогласени за терористи

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Израел денеска им наложи на своите дипломати во Европа да се обидат да ги убедат земјите домаќини да ги прогласат јеменските бунтовници Хути за терористичка организација.

Користејќи беспилотни летала и ракети, Хутите вршат напади врз Израел, со образложение дека се солидаризираат со Палестинците кои се борат против израелската армија во Појасот Газа.

„Хутите претставуваат закана не само за Израел, туку и за целиот регион и светот. Од суштинско значење е тие да бидат прогласени за терористичка организација“, изјави шефот на израелската дипломатија Гидеон Саар.

Тој изјави дека САД, Саудиска Арабија, Малезија, Обединетите Арапски Емирати, Австралија, Канада, Нов Зеланд и Израел ги прогласиле Хутите за терористичка организација, пренесува Ројтерс.

Во саботата, 14 лица беа ранети во ракетен напад на Хуту врз Тел Авив.

Share This Article