Седумдесет лица во автомобили, меѓу кои и деца синоќа десет часа биле спасувани кај Дрвар во Босна и Херцеговина откако заглавиле во снегот на пат кон Босански Петровац. На социјалните мрежи беше објавена снимка на која се гледаат драматичните сцени од спасувањето во ноќта.
Ова подрачје е најтешко погодено во земјата, додека во Република Српска целиот железнички сообраќај е во прекин поради дефект на далноводите, јави Нова.
Автопатот кој води од Босанска Градишка до Добој е затворен за камиони, а истото ограничување е воведено и на неколку главни и регионални патишта во северна и северозападна Босна. Повеќе од 170 сантиметри снег наврнаа на врвот Бјелашница.
Во Сараево висината на снегот во утринските часови достигна 30 сантиметри, а на околните планини наврна повеќе од еден метар.
Снежниот бран кој во понеделникот го зафати Балканот ги отежна условите на патиштата во повеќе подрачја во Босна и Херцеговина, Хрватска и во Србија.